Починаа две новороденчиња по примена вакцина?

Од:

Две новороденчиња стари 2 и 4 месеци починале за двa дена.

Како што јавува Алсат, првите неофицијални сомнежи се поврзуваат со истата вакцина која ја примиле двете новороденчиња, а се работи за вакцината Дитепер, користена само двa дена пред да починат новороденчињата.

– На 1 март во Студеничани е пријавено дека за 2 месечно новороденче, родено во декември 2014-та година, било повикана брза помош. Вториот случај е на 3-ти март, новороденче родено во јануари месец, примено во Градска болница каде не дало знаци на живот. Лекарите се обиделе да го вратат новороденчето во живот, но за жал не успеале. Во двата случаја било констатирано дека смртта не е како последица на насилство, туку поради болест, затоа телата на двете новороденчиња се однесени на вештачење, со цел откривање на точните причини на смртта“, изјави Лиза Бендевска – портпаролка на СВР – Скопје, пренесува Алсат М.

Роднините се потресени од трагедијата и не се подготвени да зборуваат пред камерите.

Инаку, ова не е прв случај во земјава и регионот да постои сомнеж дека вакцините се причина за смрт на новороденчиња. Пред 5 години, 6 месечно дете од Тузла беше причина Институтот за јавно здравје да донесе привремена забрана за употребување на вакцината Дитепер.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните