Почина владиката Тимотеј

Од:

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј почина денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.

Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Млаго Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. За архијереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година, а од 1995 година раководи со Дебарско-кичевската епархија.

Владиката Тимотеј долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт.

Би можело да ве интересира

Тимотеј: Потврден ставот, остануваме против промена на името на црквата

Кристијан Ландов