Почина уште едно лице повредено во пожарот кај Струмица

Од:

На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, изутрината почина уште едно лице, 54-годишниот Војо Гркланов од стумичкото село Вељуса, кој беше повреден во пожарот кој избувна на 23 јули во местото Чамчифлик кај Струмица.

Тоа е четврта жртва во пожарот во Струмица. На 28 јули почина 30-годишниот струмичанец Митко Георгиев, а на 24 јули на повредите им подлегнаа браќата, 46-годишниот Пено и 50-годишниот Блажо Стојкови, вработени во „Македонски шуми“.

На Клиниката е хоспитализирано уште едно дете со 40 отсто изгореници од втор и трет степен кое е во добра здравствена состојба.

За огнената стихија кај Струмица е осомничена 24-годишната Струмичанка Е.М., која запалила стари алишта под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери.

Би можело да ве интересира

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево