Почина режисерот Владо Цветановски

Од:

Ненадејно, денеска во својот дом во Скопје почина истакнатиот македоснки театарски и филмски режисер Владо Цветановски.

Тој беше долгогодишен професор по актерска игра на Факултетот за драмски уметности, а меѓу 2000 и 2001 година беше управник на Македонскиот народен театар.

Цветановски е роден 1959 година во Слоештица, Демир Хисар. На Филозофски факултет во Скопје апсолвирал историја на уметноста и археологија (1980). Дипломирал на отсекот за интермедијална режија на Акедемијата за уметностите во Нови Сад (1983), во класата на професорот Боро Драшковиќ.

Во текот на својата интензивна, исклучително успешна, безмалку тридецениска кариера, Цветановски режирал шеесеттина претстави за кои освоил дури 12 најугледни професионални награди, македонски и странски. Театарот во кој верувал, ама и умеел маестрално да го практикува и во овие нашиве скудни техничко-технолошки услови, бил куражен возвишен, скоро па идеален, секогаш втемелен на импресивните сценски слики. Вложувал немерлива творечка и работна енергија, за знаењето и за дарбата да не зборуваме, за тие свои моќни слики да ги внесе во нашево кревко театарско паметење.

Комеморацијата за Владo Цветановски ќе биде одржана на ФДУ, денес, во 11 часот. Погребот е во 13.30 на градските гробишта Бутел.

Би можело да ве интересира

По Материјата-заедничка изложба на наши и уметници од Грција и Албанија

Патувачко кино на „МакеДокс“ се одржа во Кочани

„Нурни во мене“ – самостојната изложба на Сашо Блажес

Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ добитник на наградата за најдобар дебитантски филм на Фестивалот на Југоисточна Европа 2025