Фармацевтска комора на Македонија преку писмено соопштение извести дека на 27 мај, почина првиот здравствен работник во земјава, заразен од коронавирус.
Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга.
Како што информираат од Фармацевтската комора, тој се заразил извршувајќи ги своите професионални должности, на работното место, во аптека.
Мојсоски починал на Инфективната клиника во Скопје.
„Фармацевтите и фармацевтските техничари кои работат во аптеките се на првата линија во лекувањето на сите пациентите без разлика на нивните заболувања и здравствени состојби. Во состојба на пандемија кога потребата за посета на аптеките е поголема изложеноста на здравствените работници е зголемена, а со тоа и ризикот за заболување. Почитувањето на мерките за заштита се од огромна важност и за намалување на можноста за заболување и на можноста за ширење на болеста. Се замолуваат пациентите и покрај олабавувањето на мерките, да ги почитуваат и понатаму мерките за заштита при посета на аптека“, велат од Фармацевта комора.
