Почина професор Живко Мадевски

Од:

Во Скопје почина Живко Мадевски, еден од првите професори на Природно-математички факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на кој факултет бил декан и иницијатор за формирање студии по информатика.

Тој изведувал настава по теориска механика, аналитичка геометрија, линеарна алгебра, а повремено гостувал како наставник на Фармацевтскиот, Економскиот и други факултети во Скопје.

Мадевски е автор или коавтор на петнаесет учебници за сите три степени на образование.

Добитник е на престижната награда „Св. Климент Охридски“.

Како претседател на Асоцијацијата на математичари проф. Мадевски посебно се грижел за напредокот на талентираните во оваа научна дисциплина, како и развивањето афинитети кон новите информатички науки.

Погребот на проф. Живко Мадевски е во среда на градските гробишта во Скопје.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година