Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева

Од:

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи
Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.

Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.

Нека почива во мир“ пишува во објавата на владејачката партија.

Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови.

Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шеф на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.

Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година.

Би можело да ве интересира

Оставка на естонската министерка за образование, со службен автомобил ги носела децата на училиште

Жарко Настоски

Белгиската министерка за здравство се појави во Парламентот со необична маска

Жарко Настоски

Јужнокорејската министерка за трговија е кандидатка за директор на СТО

Жарко Настоски

Скандал во српското собрание-Долен веш и физички напад на радикалите на министерката Зорана Михајловиќ

Поранешната министерка за туризам на Романија приведена во Костарика

Царовска: Во време на ВМРО-ДПМНЕ се кратеше и доцнеше социјалната помош