Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Од:

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во неделата починала пациентка со грип. На оваа клиника моментално имало хоспитализирано околу 25 пациенти со грип, од нив дел со полесна, а други со потешка клиничка слика.

Директор на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана, информираше дека се работи за 75-годишна жена со доста коморбидитети, кај која е потврдено присуство на Инфлуенца тип А.

– Двајца пациенти моментално се на респираторна поддршка. И тука станува збор за постари лица, со доста коморбидитети. Претежно се невакцинирани пациенти, изјави директорот Цана.

Докторот уште еднаш апелираше ризичните групи да се вакцинираат против грип. Ги советуваше оние со симптоми како температура, треска, болки во мускули, по тело, да седат дома и да се јават кај матичен лекар. Исто така, да се избегнува групирање доколку се има симптоми на грип.

Досегашните анализи покажале дека досега сезонава сме во малку полоша состојба со грип во споредба со лани, истиот период.

– Во споредба со минатата година, оваа сезона е со средна до висока активност на вирусот на грип на национално ниво, потврди Цана.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

На Инфективна почина 69-годишен пациент поради компликации од грип

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Жена почина на скалите во зградата од брутални повреди, уапсен е маж со повреда на вратот

А1он

Почина 64 годишна жена од Љуботен – во тешка состојба донесена во Градска болница

А1он