Почина пациент заразен од коронавирус, регистрирани 26 нови случаи

Од:

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март, велат од Министерството.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани девет пациенти, осум од Дебар и еден од Скопје, кои на два контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминале дома.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица, соопштуваат од Министерството за здравство.

Оттаму велат дека од утре, 31 март, статистиката за броојот на новозаболени ќе биде доставувана околу 15 часот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски