Почина новинарот Предраг Димитровски

Од:

По кратко боледување денеска почина новинарот Предраг Димитровски (1959-2023), информираа од „Пресинг ТВ“ каде последно работеше.

Димитровски беше новинар со над 30 годино искуство. Беше главен уредник во весникот „Вечер“ од 2005-2006 година а потоа работеше и во „Дневник“. Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“.

– Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во негоават реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја, се вели во објавата на „Пресинг ТВ“.

Би можело да ве интересира

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права

Почина актерката Ленче Делова

Катерина Ѓуровски

Почина Натан Смит, синот на Лил Џон

Момче почина во кавадаречко Возарци