Почина македонскиот амбасадор во Германија

Од:

Почина Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година.

Тој претходно беше амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работеше како кариерен дипломат.

Веста ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен Амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството“, напиша Османи.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Надворешното претставување да биде во рацете на професионални дипломати

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Претседателката Сиљановска-Давкова отповика осум амбасадори

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски