Почина кумановскиот актер Драгиша Димитријевски – Шипе

Од:

По кусо боледување вчера почина Драгиша Димитријевски – Шипе, актер од Кумановскиот театар.
Димитријевски е роден во Куманово на 6 април 1956 година. Својата актерска кариера ја започнува со претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ во 1974 година, а во 1979 година, дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Тодорка Кондова. Од 1980 годинае постојан член на Кумановскиот театар, каде што остварува над сто и педесет актерски улоги.

Освен по своите бројни актерски улоги, Драгиша Димитријевски – Шипе и е познат на јавноста и како ликовен уметник со плодно творештво. Добитник е на стручни и општествени награди, на МТФ „Војдан Чернодрински“, на „Ноемвриска награда“ на градот Куманово и од Друштвото на ликовни уметници – Куманово. Своевремено ја доби и наградата за млад ликовен автор. Во последните неколку години Димитријевски е уметнички раководител на ликовната колонија „Карпино“.
Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на градските гробишта во Куманово, а утре со почеток во 12 часот во Кумановскиот театар ќе биде одржана комеморација во негова чест.

Би можело да ве интересира

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов