Почина Кирил Поп Христов – Кили

Од:

Во Еквадор на 58-годишна возраст почина актерот Кирил Поп Христов-Кили, потврдија од неговото семејство.

Кили зад себе остави низ впечатливи улоги кои ќе се паметат – во „Тетовирање“, „Бал-кан-кан“, „Збогум на 20-от век“ „Панкот не е мртов“, а оствари и блескави театарски улоги во „Ричард Трети“, „Злосторство и казна“, „Ослободување на Скопје“… Забележливи се и неговите улоги во телевизиската продукција: „Трст виа Скопје“, „Бумбари“, „Досие Скопје“…

Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира во 1989 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности, во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Од 1993 до 2014 работеше во Македонскиот народен театар.

Би можело да ве интересира

Почина новинарот Гоце Контевски

Кили ќе биде погребан во Еквадор

Катерина Ѓуровски

МНТ: Се простуваме од нашиот Кили

Катерина Ѓуровски

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права