По кратко боледување денеска почина Јакуп Селимовски. Селимовски во ИВЗ ја вршеше функцијата директор на секторот за верска просвета. Селимовски беше последниот Реис ул улема на ИВЗ во поранешна Југославија.
Селимовски имаше значајна улога во организирањето и функционирањето на Исламската Верска заедница во Македонија. Селимовски секогаш се бореше против напливот на радикалниот ислам во Македонија.
Јакуп Селимовски беше роден 1946 година во Кичево.
Ја започна кариерата како учител во Исламската асоцијација по враќањето во Македонија. Селимовски почина во болница во Турција.
Погребот на Јакуп Селимовски ќе се одржи на 30 март 2013 година, после намазот на Икиндија во неговиот роден град Кичево.
Т. П.