Почина и четвртото момче од сообраќајата кај Бедински мост

Од:

Почина и четвртото момче кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која се случи на 9. јуни во кумановската населба Бедиње, потврди кумановската полиција.

Во сообраќајната несреќа момчињата се превезувале во „БМВ“ со кумановски регистарски таблички, кое изгуби контрола пред Бедински мост, ја проби заштитната ограда и излета на автопатот.

З.И (17) од Куманово беше тешко повреден и по сообраќајната несреќа беше препратен во Ургентниот Центар во Скопје.

Во сообраќајната несреќа која се случи во населбата Бедиње, на лице место починаа две, а едното момче им подлегна на повредите на патот кон кумановската болница.

Трите од момчињата се од Куманово, а едното од липковско Ваксинце. Сите четворица имаат по 18 и 17 години. Автомобилот „БМВ“, со кој се превезувале момчињата, изгуби контрола пред Бедински мост, ја проби заштитната ограда и излета на автопатот. Во тој момент на автопатот поминувала и цистерна која за да го избегне автомобилот се преврте и премина на другата коловозна лента.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата