Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

Од:

На 48-годишна возраст утрово почина актуелниот градоначалник на општина Охрид, Јован Стојаноски.

Според првичните информации, причина за смртта е срцев удар. На Стојаноски му се слошило, па во критична состојба бил префрлен на Интерното одделение на Општата болница во Охрид. Бил направен обид да се префрли во Заводот за кардиологија, но залудни биле обидите за реанимација.

Професорот Јован Стојаноски својот мандат како градоначалник на Охрид го започна на 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг на Локалните избори.

Проф. д-р Јован Стојаноски е роден во Охрид, на 07.08.1970 година. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Во 1999 станал Магистер по Маркетинг, а во 2003 година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум