Почина градежен работник во Кавадарци, Обвинителството го истражува случајот

Од:

Градежник починал денеска во Кавадарци. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото на градилиште за изградба на приватен објект, каде било пријавено починато лице, кое работело како градежен работник на градежно скеле.

– Со цел утврдување на причините за смртта, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Исто така, издадени се усни наредби за обезбедување на целокупната документација која се однесува на почитувањето на законските одредби за безбедност и здравје при работа. Основното јавно обвинителство Кавадарци продолжува да презема дејствија за расчистување на настанот, велат од Обвинителството.

Оттаму појаснуваат здека градежниот работник од Кавадарци на 60-годишна возраст, работел на градба на приватна куќа, приватен инвеститор и приватна фирма изведувач. Првично, други лица го пријавиле случајот, а од лекар на Општата болница во Кавадарци била констатирана смрт. Засега, не биле утврдени точните причини за смртта.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски