Почина генерал-мајор Борис Стојановски

Од:

По кратко боледување, на 76 годишна возраст почина генерал мајор Борис Стојановски, пензиониран генерал на Армијата на Република Македонија.

Генералот Борис Стојановски ќе биде погребан со воени почести утре на градските гробишта во „Бутел“ во 11 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во „Бутел“ од 10.00 часот.

Генералот Стојановски, во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 2000 година, извршувал повеќе високи должности во Армијата на Република Македонија, како: командант на третиот армиски корпус, помошник на началникот на ГШ на АРМ за морално психолошка подготовка и последната помошник на началникот на ГШ на АРМ за меѓународна соработка, културни дејности и традиции.

За време на осамостојувањето на Република Македонија Стојановски ја извршувал должноста, командант на територијалната одбрана на град Скопје, а во 1992 година, со Указ од претседателот на РМ се унапредува се чин генерал мајор.

Во пензионерските години тој остана активен придонесувач во полето на одбраната учествувајќи на повеќе конференции во областа како потпретседател на здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, а е потпишан како коавтор на монографијата „Воените генерали од Македонија“.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он