Почина дебарскиот градоначалник Ружди Љата

Од:

По кусо и тешко боледување денеска на 65-годишна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

Љата е роден 1953 годна во Дебар, средно образование завршил на медресето „Алаудин” во Приштина, дипломирал на Филолошкиот факултет во Приштина на отсекот ориентални јазици каде стекнал и титула магистер. Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница и бил професор на Универзитетот во Приштина на Катедрата за ориентални јазици. Бил професор и на Исламскот факултет во Скопје и Тетово.

Пред да биде избран за градоначалник на Дебар, во 2013 годна, Љата беше прв човек на дебарското муфтиство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во 2017 година граѓаните му ја дадоа довербата вторпат.

Како што информираа од неговиот Кабинет, се уште не се знае кога ќе биде погребот.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар