Почина Даниел Милошевски, еден од сопствениците на „Авалон продукција“

Од:

Вчера во вечерните часови, ненадејно почина Даниел Милошевски, еден од сопствениците на „Авалон продукција“.

Тој, заедно со постариот брат Бобан важеа за едни од најуспешните во шоу бизнисот во Македонија и на Балканот. Бројката од околу 250 настани и имињата со кои работеа во последнава деценија, ги издвојува како најуспешна концертна и букинг компанија на овие простори.

Изминативе 20 години под капата на „Авалон“ беа организирани концерти на познатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди како Боб Дилан, Лени Кравиц, Брајан Фери, Били Ајдол Ајрон Меиден, Дип Парпл, Вајтснејк, Кошер, Симпл Мајндс,  а го организираа и последниот настап на Ејми Вајнхаус во Белград. Соработуваа и со Тоше Проевски, Каролина, Ареа, Леб и Сол.

Даниел кариерата во шоу бизнисот ја започна во родниот Гостивар, кога со брат му, во средината на деведесетите години го водеа летниот клуб Авалон. Четириесет и петгодишниот импресарио зад себе остави сопруга и две деца.

Погребот, според најавите од роднините, ќе се изврши утре на гробиштата во скопски Бутел.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата