ФОТО: Почина човек во Министерството за здравство

Од:

Денеска околу 14 часот во просториите на Министерството за здравство му се слошило на надворешно лице (странка), по што веднаш е повикана екипа на Итна медицинска помош, соопштија од Министерството.

Од Здравствен Дом Скопје информираат дека повикот е примен во 14.05 минути, по што веднаш е предадена покана за упатување возило на Итна медицинска помош, при што била дадена соодветна терапија и извршена реанимација од докторите од Итната медицинска помош во 14.13 часот.

Веднаш откако му се слошило на лицето, вработени доктори од Министерството за здравство започнале со реанимација.

Покрај Итната медицинска помош, веднаш се повикани специјалисти од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување од Клиничкиот центар во Скопје.

И покрај навремено пружената здравствена заштита и повеќето обиди за реанимација, констатирана е смрт на лицето. За немилиот настан е известено семејството на сега починатиот, како и надлежните институции на системот.

Министерството за здравство изразува сочувство до семејството на починатиот

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата