Почина битолчанецот Пеце Роговски-фонд за здравство чекаше целосна документација

Од:

Битолчанецот Пеце Роговски почина денеска. Тој боледуваше од малиген тумор на бутниот мускул а беше опериран пртходно два пати.

Неговата самохрана мајка постојано апелираше преку медиумите за помош од сите оние кои можат да помогнат.

Семејството на Роговски бараше помош и од фондот за здравство. Неговата мајка низ солзи молеше фондот што побрзо да одобри лекување во странство.

Од ФЗОМ пак одговорија дека семејството се уште нема до фондот поднесено конзилијарно мислење но и барање за лекување во странство но и дека било контактирано семејството за да им објаснат околу процедурата.

Другарите и блиските на Пеце Роговски организираа хуманитарни настани за да му помогнат но никогаш не се собра потребната сума на пари.

За лекувањето на Пеце Роговски можеше да се донираат 100 денари на броеви од мобилните оператори.

На секоја пратена порака државата наплаќаше и 18 отсто ДДВ или 18 денари плус одеа во буџетската каса.

pecerogovski=poraka

Засега останува нејасно зошто државата наплаќа данок на хуманост но и зошто административно бирократските бариери одземаат човечки животи.

Јаавноста се сеќава и на смртта на малата Тамара од Велес кој почина чекајќи одлука за лекување во странство од фондот за здраствено осигурување.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра