Почина 38-годишната кавадарчанка повредена во сообраќајката на автопатот Велес – Скопје

Од:

Почина Ј.В.М. (38) од Кавадарци, која вчера беше тешко повредена во сообраќајката на автопатот Велес – Скопје, по наплатната станица Отовица.

Како што се наведува во МВР-билтенот, сообраќајна незгода се случила меѓу патничко возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ц.(29) од Велес, патничко возило „мазда“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(31) од Велес, патничко возило „шкода октавија“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(37) од Кавадарци, патничко возило „мазда“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(52) од Прилеп, патничко возило „мицубиши аутлендер“, управувано од М.К.(53) од Скопје, товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од О.А.(60) од Велес и влекач, со непозната марка и регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.М. и сопатниците во патничкото возило „шкода октавија“, Ј.В.М.(38) и 11- годишна малолетничка, и двете од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобиле возачите Р.Ј. и Р.Д. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, додека Ј.В.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва