Почина 27-годишната родилка од Куманово, бебето е во добра состојба

Од:

Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години.

Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален, велат од Министерството.

Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски