Почина 20-годишен охриѓанец во сообраќајката кај Лагадин

Од:

Почина 20-годишниот охриѓанец, кој беше еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа помеѓу мотор и автомобил што вчера околу 15 часот се случи на патот Охрид – Свети Наум, кај Лагадин.

Како што информира МВР, вчера околу 15:00 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со охридски регистерски ознаки управувано од П.П. (30) од с. Косел и моторцикл „Хонда“ со охридски регистерски ознаки управуван од Б.С.(17) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повредни се здобиле Б.С. кој бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје и неговиот сопатник Тони Т. (20) од Охрид кој бил пренесен во охридската болница Св.Еразмо, каде околу 20:20 часот им подлегнал на повредите.

СВР-Охрид изврши увид, а сообраќајот вчера од 15:00 до 16:30 часот беше во прекин. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена