Почетен состанок на Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан

Од:

Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан денеска попладне во хотел „Метропол“ во Охрид ќе одржи почетен состанок на кој поздравно обраќање ќе има министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Како што информира МОН, на настанот ќе учествуваат околу 300 учесници во високото образование, студенти и алумни, претставници од министерства од регионот на Западен Балкан, ректори на универзитети, унии на студенти, како и официјални претставници на ЕУ и претставници на бизнис-заедницата.

– Целта на настанот е да се воспостави моќна унија на студенти од регионот на Западен Балкан со цел за да се поддржи модернизацијата и да се подобри квалитетот на високото образование во регионот, но и да им се помогне на младите луѓе во нивниот академски и кариерен развој кон нивно успешно вработување, соопшти МОН.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски