Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Од:

– По повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, денеска во касарната ,,Илинден“ во Скопје со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што соопштија од канцеларијата на односи со јавноста на Генералштабот на АРМ, претходно, во попладневните часови во период по 15.00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.

Би можело да ве интересира

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења