„Почекајте, ќе видите“ – Мицкоски за обвинителот Коцевски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за реформите во правосудството, изјави дека не може да се согласи на зголемување на плати на лица, за кои како што рече, немаат никаков рејтинг.

-Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што не задолжил сите нас и нашите неродени деца. Во буџет од 6,5 милијарди, ние треба да враќаме 2 милијарди долгови, од некој кој душмански ја задолжувал државата. Ја повикувам јавноста нека каже, дали треба да се зголемат платите на судиите и обвинителите? Еве, јас ќе ја донирам мојата плата, ама барем нека судат согласно закон. Моралот не ми дозволува да се согласам на зголемување плати на лица кои немаат никаков рејтинг. И, ако е тоа клучната реформа која треба да се направи, простете, но јас нема да ја направам, рече Мицкоски.

На прашањето за смената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, премиерот кусо одговори „почекајте, ќе видите“.

-И не можеме ние да одвоиме повеќе пари од буџетот за независно финансирање на Обвинителството и судовите, од да речеме најразвиените земји во ЕУ. Тоа не можеме да го направиме. Така што, ова се реформите. Сакам јавноста да знае реформите се за повисоки плати, не се реформите за некој суштински измени не знам какви. Такви има во Кривичниот законик, и тоа го правиме под притисок на одлуката на Уставниот суд. И тоа ќе го направиме до Нова година ќе влезат во Парламент тие измени, за да не се случи да направиме една општа колективна амнестија во општеството и сите криминалци коишто се во затвор да излезат, рече Мицкоски.

Според него, секој треба да има одредена одговорност за своите одлуки, алудирајчи на измените на Кривичниот законик направени од претходната влада, со што, како што вели, „таа направи многумина да имаат политичка амнестија“.

-И сега, еве кога ќе го смениме ние, без разлика дали ќе покренеме дело против некој од претходната влада, којшто наочиглед направил криминал, тој ќе се повикува на тој (закон) којшто тие го донесоа на шверцерски начин во Парламентот со европско знаме. Тогаш сите молчеа, сите што денеска се гласни молчеа, а денеска ни велат Извештајот на ЕК вели така и така. Каде бевте тогаш? Срамежливо стоеше таму во Извештајот една реченица. Зашто, затоа што мислеа дека на тој начин ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку некои поранешни структури да се промени Уставот. Не им успеа. Повторно е ВМРО-ДПМНЕ виновен. Мораме да ги кажуваме работите како што се, не онака како што некој сака да ни ги претстави. А ние ќе направиме се што е во наша моќ да ја завршиме домашната задача. Ајде ќе видиме тогаш што ќе се случи, порача премиерот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

Обвинителствата имаат само една третина од потребните вработени, Финасии не дава дозвола за нови, вели Коцевски

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни