Министерството за образование и наука информира дека се објавени конечните резултати од првиот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2017/2018 година.
Електронското пријавување ќе биде активно се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб – страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.
Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7.08 до 11.08.2017 година во Министерство за образование и наука. За оние што конкурирале за прием во Државен студентски дом резултатите за прием на ученици ќе бидат достапни по завршувањето на конкурсот за сместување на студенти во домовите.