Побарано задолжително психијатриско лекување за обвинет за обид за убиство и напад врз полицајци

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за изрекување мерка на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за едно лице, обвинето за кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.

Имено, како што наведоа од Обвинителството, по спроведена истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека на 3 април, 34-годишниот жител на село Горно Коњаре, во состојба на непресметливост заради трајно душевно заболување, се обидел да лиши од живот едно лице со кое претходно имале кратка вербална расправија. По расправијата, обвинетиот отишол во неговиот дом од каде зел нож и го прободел оштетениот во пределот на слабината, нанесувајќи му тешки телесни повреди од животозагрозувачки карактер.

– Околу половина час подоцна, обвинетиот сериозно се заканил дека ќе ги нападне четворицата полициски службеници кои постапувале по наредба да го лишат од слобода заради претходно стореното кривично дело. Кога полициските службеници дошле во неговиот дом, тој излегол на вратата, повторно држејќи нож во рацете. Еден од полициските службеници му наредил да го фрли ножот, но обвинетиот одбил да го стори тоа и им се заканил. Полициските службеници се повлекле во дворот и застанале во близина на службеното полициско возило, а обвинетиот започнал да им се приближува со крената рака во која го држел ножот. Во тој момент, еден од полициските службеници му се приближил на обвинетиот и со употреба на средства за присилба му ја фатил раката, ножот паднал на земјата и обвинетото лице било лишено од слобода, образложија од ОЈО.

Јавниот обвинител предложил претходно определената мерка притвор за обвинетиот да се укине, но тој да не се пушти на слобода, туку до завршување на постапката за определување на мерката за безбедност, привремено да се смести во здравствена установа.​

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи