Побарано изземање на обвинителот Бурим Рустеми од „ТНТ“ поради сомнеж дека зел 850.000 евра преку Бојан Јовановски

Од:

Јовица Страшевски, адвокат на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот „ТНТ“, денес побара изземање на обвинителот Бурим Рустеми оти се сомнева дека тој и поранешната обвинителка Катица Јанева, преку Бојан Јовановски – Боки, од Адријан Амзоски зеле 850.000 евра за повлекување на обвинителниот акт против Амзоски и поднесување пријава за случајот „ТНТ“. Адријан Амзоски е управител на компанијата „ФИНЕ“ која го градеше незаконски урнатиот објект „Космос“, а во август минатата година како оштетен во случајот на невладината организација „Меѓународен сојуз“ побара отштета од 190.000 евра.

Барањето за изземање се темели на четири околности кои предизвикуваат сомневање за непристрасноста на обвинителот Рустеми, поврзани со неговата досегашна работа и испрепелтеноста со случаите „Рекет 1“ и „Рекет 2“.

„Обвинителот Бурим Рустеми изјавува ’кога го добив предметот решив дека обвинението треба да се повлече, а со мене се согласи шефицата Катица Јанева, бидејќи не може за ист случај бизнисменот да има својство на обвинет и на оштетен. Нашите докази покажуваа дека е оштетен, појаснува обвинителот Рустеми, кој додава дека ако постоело обвинението против Амзоски, немало да може да се отвори случајот ’ТНТ’“, стои во образложението на барањето за изземање на Рустеми.

Во образложението наведена е и пораката која Амзоски му ја испратил на Бојан Јовановски, по повлекување на обвинението против него.

„СЈО го повлече случајот денес. Благодарам од срце, ајде сега раат да почнеме да работиме“, му пишал Амзоски на Јовановски.

Адвокатот наведува и дека обвинителот Рустеми не зел предвид 36 судски пресуди, одлуки и решенија кои покажуваат дека постапувањето на обвинетите Тони Трајковски, Елисавета Најдовска и другите вработени во Општина Гази Баба било законско.

Во случајот “ТНТ“ за незаконското уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски се обвинети  поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски,  Елизабета Најдовска, Насе Ралев, Марика Зафировска и Александра Димитриева. Судењето кое беше во завршница, лани во јануари беше вратено на почеток откако по две години судење, поротничка си даде неотповиклива оставка.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“