Побарани парични казни за три лица кои го прекршиле полицискиот час во Скопје

Од:

За кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица.

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, при контроли извршени на 23 и 24 март, биле затекнати во прекршување на полицискиот час. Спротивно на определената забрана за движење во периодот од 22 до 05 часот како мерка за сузбивање на заразна болест, тие се движеле на различни локации во градот.

Јавното обвинителство за обвинетите предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска