Побарани мерки на претпазливост за лицето осомничено за лажна дојава за бомба во „Сити мол“

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело лажно пријавување односно за лажната дојава за бомба во трговскиот центар „Сити мол“.

Против осомничениот, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, е поведена постапка поради основано сомнение дека на 29 јануари во „Сити мол“ каде бил вработен, пријавил дека е извршено кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.

Јавниот обвинител, заради непречено водење на постапката, побарал на лицето да му бидат определени четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

– Осомничениот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страната www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа, појаснуваат од државното ЈО.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски