Побарани казни за 17 прекршители на полицискиот час во Битола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информира ОЈО Битола, обвинетите во периодот од 10 до 12 април, за време на пандемија на опасна заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

И вечерва нема полициски час, владината одлука стапува во сила на полноќ

Жарко Настоски