Побаран притвор за лице кое чувало рачна бомба во Арачиново

Од:

Обвинителството побара притвор за лице од скопско Арачиново, откако завчера при претрес на неговиот дом во фиока во плакар во шупата била пронајдена рачна бомба.

-Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес на домот на осомничениот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој се наоѓал во шупата, била пронајдена експлозивна направа – рачна бомба модел Ф1, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител му предложил на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка притовр за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски