ПОА: Расколничкиот поглавар Г. Стефан е примерен политички послушник со предмети заклучени во фиока

Од:

Разликата помеѓу човештината и јунаштвото се состои во следново: јунаштво е кога некој се брани себе си од другиот, а човештина е кога некој го брани другиот од себе си, реагираат од Православната Охридска Архиепископија!

Расколничкиот поглавар Г. Стефан, велат, покажа големо јунаштво, бранејќи се себе си со квалификациите за канонската Црква во Р. Македонија, како за Црква составена од граѓани, коишто, според него, се: „платеници и криминалци“ (Телма, 12.10.2013)! Ние ќе се потрудиме да покажеме човештина и да го одбраниме Г. Стефан од нас, предочувајќи му дека ние не сме неговите непријатели, туку дека тој самиот си е најголемиот непријател на себе си!

Прво, расколничкиот поглавар Г. Стефан, со исказот дека: „припадноста кон православието не се покажува со создавање паралелна црква од платеници и криминалци“ (Канал 5, 12.10.2013), јасно покажа дека во себе нема радост, штом одбира клеветнички зборови при таков, за него свечен, молитвен чин на поставување темели за храм. Посочениот очигледен недостаток, покажува дека нештата за Г. Стефан не одат како што треба, особено ако се земе предвид дека радоста и Православието секогаш се проникнуваат! И, нека не мисли г. Стефан, дека за отсуството на радост од неговото лице му е виновен некој друг, освен неговата криза на идентитет заради одвоеноста од Соборната Црква; и, можеби, уште, растурањето на неговата личност, што си го приредува со дефокусирање на јавноста оти, навидум, преводот на Епископот бачки г. Иринеј на говорот на Патријархот вселенски г.г. Вартоломеј не бил точен, кога е кристално јасно дека е точен!

Второ, за криминалот со разните Изгреви и Говрлева нема да зборуваме, бидејќи расколничкиот поглавар Г. Стефан е „заштитен“ од државата, барем до моментот додека тие предмети мируваат заклучени во нечија фиока, правејќи го г. Стефан примерен политички послушник!

И, трето, но најбитно! Расколничкиот поглавар Г. Стефан би требал сериозно да повнимава на угледот на неговите собраќа! Помеѓу нив сигурно постојат мнозина трезвеномислечки луѓе, коишто се за дијалог и изнаоѓање решение за проблемот со расколот, којшто го наследиле! Како илустрација за реченово, наведуваме дека на некои им е познат условот за преговори: „Сметам дека заострените односи можат да се надминат со добри преговори, но ако биде ослободен Вранишковски – за Плусинфо изјави соговорник од врвот на МПЦ-ОА“ (Плусинфо, 08.10.2013).

Значи, со неговите популистички изјави, со коишто го минира дијалогот, расколничкиот поглавар Г. Стефан свесно и промислено ги жртвува своите собраќа, го спушта нивното ниво, со единствена цел – да си ја сочува сопствената позиција, па макар и по цена единството што декларативно го посакува со Соборната Црква – никогаш да не биде постигнато!

Нашата човештина, пак, се состои во следново: и покрај тоа што расколничкиот поглавар г. Стефан, од завист, го има фрлено во затвор Архиепископот охридски Г.Г. Јован, и покрај прогонот врз Православната Охридска Архиепископија, радоста што ние ја живееме во канонската Црква, во која Г. Стефан, за жал, не се наоѓа, но сака да пристапи за да биде со нас, значи, не го отфрла ниту него, ниту неговите собраќа, туку ги повикува во љубовта и радоста на нашата Соборна, Православна Црква. стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите