А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

По земјотресите во Скопје радиоаматерите развија мрежа за опасност

by А1он19/09/2016 - 12:56142
Share0

По силниот земјотрес во Скопје во попладневните часови на 11.09.2016 год. македонските радиоаматери воспоставија радиомрежа за опасност на кусобрановото фреквенциско подрачје од 3,7 MHz, како и на ултракуси бранови на 144 МHz. Мрежата беше воспоставена превентивно, како и заради проверка и увежбување на спремноста на радиоаметрите да делуваат во вонредни околности.

Добивај вести на вибер

Досега повеќе пати се докажало дека кога останатите комуникациски системи откажуваат, радиоаматерските комуникации и натаму се во функција и неретко се единствен начин за врска со надворешниот свет.

Радиоаматерските комуникации и во најтешки услови не можат да бидат целосно прекинати, а тоа се должи на големата дисперзираност на радиоаматерските станици, нивната системска независност од земска инфраструктура, големата флексибилност за функционирање во импровизирани услови и секако секогаш присутната спремност на радиоаматерите да помогнат на својата заедница во најтешките моменти.

Примерите за тоа се бројни. Македонските радиоаматерите први во светот ја пренеле веста за катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, со што овозможиле што поскоро да пристигне неопходната помош.

Во 2016 год. во Македонија се регистрирани 500 лиценцирани радиоаматерски оператори. 

zemjotres

Би можело да ве интересира

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 19:23

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

Горан Наумовски17/02/2026 - 17:52

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 11:4111/02/2026 - 12:48

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 07:56

Силен земјотрес ја погоди Боливија

Горан Наумовски08/02/2026 - 17:37

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен