По заедничкото гостување со Зекири во дебатна емисија, Јанушев се тестирал, ги чека резултатите

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска по информацијата дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, со кој пред неколку денови заедно беше гостин во дебатна емисија, е позитивен на коронавирус, вели дека засега е во добра здравствена состојба и ги чека резултатите од направеното тестирање.

Во очекување на исходот, пишува Јанушев на својот фејсбук профил, ќе ги преземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.

-Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето! На Мумамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски