ВМРО-ДПМНЕ: По вакво бегство на убијци на деца, министер за внатрешни си дава оставка

Од:

Оливер Спасовски повторно покажа колку е неспособен, му избега обвинет за свирепо убиство од судница полна со полиција и никој не го спречил. Оливер Спасовски или свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница, или е целосно неспособен да организира безбедно судење – велат од ВМРО-ДПМНЕ по повод денешните случувања поврзани со случајот „Монструм“ и бегството на Агим Исмаиловиќ во моментите кога требаше да биде одлучено за одредувањето притвор.

„Оливер Спасовски да каже дали е во договор со Исмаиловиќ со што ќе се потврди поврзаноста на Спасовски со криминалните структури, или да признае дека е неспособен, со што ќе се констатира неговата неспособност. И во едниот и во другиот случај Спасовски треба да понесе одговорност. После вакво бегство на убијци на деца министер за внатрешни си дава оставка. Не може обвинети за тешки кривични дела да бегаат од државата, а МВР на чие чело е веќе 5 години да спие.И сето ова се случува додека во затвор скапуваат недолжни граѓани, а криминалците се шетаат на слобода. Ваквиот однос на Спасовски ги разнишува безбедносните темели на државата, но и довербата во правната држава и целиот систем“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ