ВИДЕО: По упадот во ИВЗ полицијата најде чаура на влезот и оштетување во ходникот

Од:

Пред седиштето на Исламската верска заедница се уште се собрани граѓани поддружувачи на скопскиот муфтија, Ибраим Шабани, откако утринава бил извршен упад во објектот. Триесетина приврзаници се наоѓат во дворот на ИВЗ додека внатре полицијата врши истрага за инцидентот кој бил предизвикан откако муфтијата насилно влегол во седиштето барајќи го реисот, Сулајман Реџепи.

Според граѓаните утринава Шабани, заедно со неколку негови поддржувачи, влегол во ИВЗ за да ги расчисти односите со реисот откако беше разрешен во четвртокот минатата недела. Реџепи не бил присутен во ИВЗ, но подржувачите на Шабани одбиле да си заминат. Во еден момент дошло до расправија меѓу нив и, како што велат, некој од вработените извадил пиштол и испукал еден куршум.

Од Министерството за внатрешни работи, пак, велат кај нив е пријавено дека отсабајле во 8.30 часот пред ИВЗ се собрале граѓани незадоволни од реисот, кои барале негова смена. Според досегашните податоци од терен на влезот од објектот е пронајдена една чаура од огнено оружје, а внатре во ходникот е забележано оштетување на плафонот.

Според следбениците на скопскиот муфтија на чело на ИВЗ сега е привремен совет предводен од Шабаникој треба да ја води исламската заедница до избор на нов реис.

Инцидентот следува откако истече ултиматумот од 48 часа кој муфтијата Шабани му го постави до поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи за јавно да се извини за изречените навреди. Наместо да се извини реисот во четвртокот го разреши муфтијата Шабани.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска