По улица „Прашка“ ќе се вози во еден правец

Од:

Во најскоро време стартува нов, еднонасочен режим на сообраќај за улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1, којшто ќе биде воспоставен со нова хоризонтална и вертикална сигнализација.

За таа намена веќе се поставуваат нови 56 сообраќајни знаци, како и нови забавувачи на сообраќај, со цел да се зголеми безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот.

Исто така, на овој потег се воведува и ЗОНА 30, со што се ограничува брзината на движење на сите возила.
Со новиот сообраќаен режим, од улицата „Лондонска“ се вози во една насока спрема „Прашка“, а возможен е приклучок само ôд и кон улицата „Дамаска“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

На овој начин ќе се намали сообраќајниот метеж во Тафталиџе 1, а најважно е што ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Новиот сообраќаен режим беше усвоен на 22-та седница на Советот на Општина Карпош, на која воедно беше прифатена донацијата на Меѓународното училиште „НОВА“ од новите сообраќајни знаци.

Неодамна започна да функционира и новиот сообраќаен режим за Карпош 4, делот околу Сити Мол, со цел да се ублажи метежот и да се зголеми безбедноста околу овој дел од општината, соопштуваат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски