По три децении, конечно се реконструира „Ленинова“ улица

Од:

Општина Центар, по 30 години, ја реконструира улицата „Ленинова“. Жителите бараа, конечно, оваа позната и прометна улица да добие нов лик. Оперативата работи две недели, и денеска веќе се асфалтира улицата.
Првата фаза од реконструкцијата е од кривината кај “Градски парк”, до улицата „Илинденска“, во должина од 150 метри и 7 метри широчина. Каблите на кабелските оператори ќе бидат поставени под земја.
Се работи според предвидените планови и рокови за реконструкција на улицата.
leninova
По завршување на овој сегмент, веднаш ќе се започне и со реконструкција на следниот потег на “Ленинова”, од ул. “Орце Николов” до бул. “Илинденска.
Во контекст на тој дел од општината, во текот на наредната недела, започнува и комплетна ревитализација на улицата “Благој Страчков”, вклучувајќи ја и изведбата на атмосферска канализација.
leninova 1

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар