По сообраќајката на патот Битола-Прилеп-Демир Хисар, 20 лица итно хоспитализирани во битолската Клиничка болница

Од:

На сите лица повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, им е пружена итна медицинска помош, изјави за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Повредените лица се чувствуваат добро, а дел се пуштени на домашно лекување, потврди Ивановска.

-Веднаш интервениравме. Во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица кај нив е изврешено компјутерско снимање, а по добиените резултати ќе се препорача лекарска помош. Попладнево мобилни се и лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката и врз истите е извршено компјутерско снимање. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави за МИА, Ивановска.

Како што извести МИА, попладнево на регионалниот патен правец Битола-Прилеп-Демир Хисар, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице, а дваесеттина се повредени.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија