Бројот на активни случаи на лица заразени со коронавирус во Македонија порасна над 3.500, а освен во Скопје, каде во моментов се активни 2.010, најмногу активни случаи има во Тетово (389) и во Куманово (219), покажуваат податоците на здравствените власти.
Во Штип има 161 активен случај, а во Струга – 145.
Вкупната бројка на лица дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.
Еве ја дистрибуцијата на активни по општини во Скопје:
• Чаир – 422
• Аеродром – 154
• Бутел – 162
• Гази Баба – 177
• Центар – 141
• Карпош – 160
• Сарај – 155
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 110
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 88
• Арачиново – 51
• Илинден – 32
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 20
• Сопиште – 13
• Зелениково-4
• Странец – 2