Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава изнесува 1.895, најмногу од нив и натаму во Скопје, и покрај тоа што бројката континуирано се намалува во последните недели. Во главниот град се регистрирани вкупно 575 активно заразени лица.
По Скопје, најмногу активни случаи на болеста има во Куманово – 231, во Прилеп – 139 и во Тетово – 104, покажуваат податоците на здравствените власти.
Други градови со поголем број активни случаи на Ковид-19 се Штип со 90, Охрид со 57 и Струга со 55 активни случаи.
Кај скопските општини, најмногу активно заразени лица има во Аеродром – 99, а следуваат Гази Баба со 72, Карпош со 63 и Центар со 62 активни случаи на болеста. Еве како тие се распределени по скопските општини:
• Чаир – 55
• Гази Баба – 72
• Аеродром – 99
• Карпош – 63
• Центар – 62
• Кисела Вода – 57
• Ѓорче Петров – 34
• Бутел – 36
• Шуто Оризари – 23
• Студеничани – 17
• Сарај – 16
• Арачиново – 10
• Илинден – 11
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 6
• Нераспределен-3. рп/скс/