А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

По револтот на граѓаните пратениците се повлекуваат од желбата за зголемени бенефиции

by А1он22/12/2018 - 19:18146
Share0

Срамно и безобразно, вакви се реакциите на граѓаните на идејата на дел од пратениците, заедно со реформските закони да „протнат“ закон за нивните привилегии по напуштањето на удобното пратеничко столче.

Добивај вести на вибер

Партиски извори за А1он велат, дека ова е уцена за гласање за уставните амандмани и неопходните реформски закони.

Голем дел од пратениците се свесни дека нема да ја добијат повторно шансата и да бидат кандидирани за пратеници. А од привилегиите, кои и не се мали, тешко им оди откажувањето.

Во време кога треба да започне реформата во администрацијата, без разлика на образование и знаење, народните избраници сакаат по завршување на мандатот, загарантирана и соодветна работа во администрацијата. Значи би имале предност за работа и тоа на раководна функција, иако за ова административците полагале испити и се стекнувале со знаење.

Ваквата идеја или желба на пратениците е во спротивност со Уставот, каде е пропишано дека сите граѓани се еднакви.

Но изгледа 120 избраници сметаат дека се поеднакви од другите.

Не научија ништо изгледа од лекциите кои на два пати ги добија ваквите законски решенија. Еднаш законот не влезе во сила поради одлуката на Уставниот суд дека вакви законски решенија се противуставни и вториот пат поради жестоките реакции на јавноста.

И сега по објавување на решението, реакциите се негативни. Некои изреагираа веднаш, некои чекаа да го опипаат прво расположението. Партиите ја искористија и оваа тема за дневна политика и обвинувања. Но граѓаните очекуваат пратениците да се откажат од зголемените бенефиции и да се фатат за работа.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен