По повод Денот на АРМ средба со пензионираните генерали и началници на АРМ

Од:

Во рамки на одбележувањето на 18-ти август Денот на Армијата на Република Македонија, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска ќе остварат средба и работен ручек со поранешните началници на ГШ на АРМ и пензионираните генерали на АРМ.

На средбата со пензионираните генерали ќе присуствуваат заменик-министерот за одбрана Арбен Лабеништа, заменик началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски и директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски.

Пензионираните генерали, на средбата ќе бидат информирани за достигнувањата на АРМ на полето на реформите и трансформацијата, моменталниот статус на единиците, како и предизвиците на АРМ во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он