По повеќе од 10 години, општина Центар го чисти одводниот канал во „Мало курило“

Од:

„Општина Центар го започна пролетното чистење на одводниот канал во „Мало курило“, кој се наоѓа над улицата „Загребска“ и ресторанот „Два Елена“.

Centar 3

Каналот ги собира големите води на Водно и е брана од можно поплавување на овој дел на Центар. За жал, не беше исчистен повеќе од десет години и, како што може да се види од дел од фотографиите, беше полн со смет, зараснати трски и гранки. Во летниот период, змиите и комарците беа опасност за граѓаните.

Centar 6

Службите од општината веќе почнаа со рачно чистење на каналот, а од понеделник влегува и механизација.

Centar2

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ги повикува и другите градоначалници кои имаат вакви канали на Водно да ги исчистат, бидејќи при големи врнежи од дожд може да дојде до поплавување на половина град.

Centar 5

По средбата на жителите со градоначалникот Жерновски, поставена е ограда во должина од 100 м на улица „ Загребска“. Оваа заштитна ограда е поради безбедноста на граѓаните и опасноста од излизгување“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Centar 7 Centar 8 Centar 9 Centar4

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски