По помалку од една лента на ден за дијабетичарите за мерење на шеќерот

Од:

Министерството за здравство преку програмата за набавка на инсулин и други потребни средства за третман и контрола на дијабетесот, за 2016 година издвојува само 350 ленти по лице со тип 2 дијабетес годишно.

Според овие бројќи изнесени од фондот за здравствено осигурување, 36.500 лица со дијабетес тип 2, во 2016 година ќе немаат ниту една лента за мерење шеќер дневно, поточно на овие лица од фондот им следува 0,9 лента/и на ден. Ова е далеку од доволно за лицата со дијабетес што значи дека секој ќе мора сам да си обезбеди ленти за мерење на шеќерот.

12516496_10208872303994531_1620697514_n

Цената на пакување од 50 ленти во аптека чини од 500 денари па нагоре.

Бројот на регистрирани лица со дијабетес кои се на инсулинска терапија во моментов во Република Македнонија е 39,500 од кои 3,000 се лица со тип 1 дијабетес и 36,500 со тип. Овој број секоја година расте. Согласно податоците од Интернационалната Дијабетолошка Федерација вкупната преваленца на дијабетесот изнесува 9.8% од населението на возраст од 25-70 години.

Од фондот за здравство, за обезбедување на инсулин, ленти за мерење на шеќерот и друг потрошен материјал се потрошени 578.963.528,00 денари.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните