По пет дена без струја, жителите на Вевчани формираа кризен штаб

Од:

Жителите на Вевчани, кои во изминатите пет дена се без електрична енергија, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, денеска формираа кризен штаб.

Како што се наведува во нивното соопштение, кризниот штаб е формиран откако вевчанци се без електрична енергија повеќе од 130 часа, силно загрижени за огромната материјална и друга штета која ја трпат како резултат на ваквите состојби и длабоко револтирани од односот на ЕВН-Македонија, како и од општина Вевчани.

– Упатуваме јавен повик до најодговорните лица на ЕВН-Македонија во периодот од 10 до 15 јануари 2015 година да го посетат Вевчани во кој ќе биде одржан работен состанок. Доколку ЕВН-Македонија, одлучи да не одговори позитивно на овој јавен повик да дојде во Вевчани, информираме дека ние граѓаните на Вевчани ќе дојдеме пред седиштето на оваа компанија во Скопје каде со нас ќе ги донесеме и сите расипани месни и други продукти, стои во соопштението од Кризниот штаб.

Би можело да ве интересира

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 15 мај 2026 изнесува 118,89 евра за мегават час, на МЕМО 83,18 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 април 2026 изнесува 98,21 евра за мегават час, на МЕМО 65,19 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час